Купувачите треба да можат да Ве најдат ако пребаруваат на интернет

Им помагам на компании и поединци кои нудат професионални услуги во Македонија да бидат најдени на Google и во AI пребарувањето кога потенцијалните клиенти активно ја бараат нивната услуга.

Проверувам што гледаат потенцијалните клиенти пред да ве контактираат и ги средувам проблемите што ве прават потешки за наоѓање или за избор.

furniture

Потенцијалните муштерии пребаруваат за услугата која ја нудите. Прашањето е дали Ве наоѓаат Вас или Вашиот конкурент.

Google и ChatGPT ги препорачуваат компаниите на кои најмногу им веруваат. Ви помагаме Вашиот бизнис да стекне доверба и да се најде во препораките.

Прво анализирам што се случува: каде се појавувате, кои информации ги добиваат потенцијалните клиенти и каде конкуренцијата е далеку пред Вас.

Потоа ги средуваме најважните проблеми:

  • Го средуваме сајтот за Google и луѓето јасно да разберат што нудите.
  • Го подобруваме Вашиот Google Business Profile и локалната видливост.
  • Проверуваме дали информациите за Вашиот бизнис се точни и конзистентни на интернет.
  • Следиме дали промените носат повеќе повици, пораки и закажани термини.
  • Без месечни претплати и без дополнителни трошоци.
ШТО НАЈЧЕСТО СРЕДУВАМЕ

Google и Вашите купувачи мораат да разберат што нудите

Вие мора јасно да му покажете на Google што нудите, каде работите и по што Вашата компанија е различна. Како ќе знае Google која услуга да ја прикаже или препорача ако информациите за неа не се јасно наведени?

Истото важи и за Вашите потенцијални купувачи. Тие треба веднаш да разберат што нудите, зошто да Ви веруваат и зошто да Ве изберат Вас наместо конкуренцијата. Вашата компанија треба да изгледа професионално и авторитативно не само пред луѓето, туку и пред Google и AI системите како ChatGPT.

Како да ја истакнете Вашата компанија?

Најважно е да се диференцирате на пазарот. Ако некој пребарува „заболекари во Битола“, зошто Google би ја препорачал Вашата ординација ако по ништо не се издвојува од останатите 50 заболекари?

Затоа не гледам само дали Вашиот бизнис се појавува во пребарувањето. Гледам што Google и потенцијалните купувачи можат да дознаат за Вас, колку лесно можат да Ве најдат, што Ве издвојува и дали информациите што ги гледаат создаваат доволно доверба за да Ве контактираат.

Како Ви помагаме

Ги средуваме најважните точки каде што Вашата компанија може да биде невидлива, нејасна или помалку убедлива од конкуренцијата

Оптимизирање на Google Business Profile

Го оптимизираме Вашиот Google профил за да биде точен, комплетен и јасно да покажува што нудите и каде работите.

Анализа на конкурентноста

Проверуваме како се појавувате кога потенцијалните клиенти бараат услуги во Вашиот град и што треба да се подобри за да бидете поконкурентни.

SEO оптимизација на веб-сајтот

Ги подобруваме страниците, насловите, содржината и структурата за Google и посетителите веднаш да разберат што нудите.

AI оптимизација

Гледаме какви информации се достапни за Вашата компанија во AI пребарувањата и дали се доволно јасни, точни и авторитативни за да бидете земени предвид.

Авторитет и доверба

Ги проверуваме информациите за Вашата компанија на важните места на интернет и работиме на конзистентноста, релевантноста и довербата што ја создава Вашиот бренд.

Следење на резултатите

Не се задоволуваме со подобри позиции и повеќе посети. Следиме дали подобрената видливост носи повеќе повици, пораки, барања и реални можности за продажба.

Кои компании би имале корист од нашите услуги?

Најмногу им помагам на бизниси каде што клиентот прво бара на Google, споредува неколку опции и потоа се јавува.

На пример: Автосервиси • стоматолози • клиники • адвокати • сметководители • салони • мајстори • локални сервисни компании

Ако клиентите ве бараат пред да купат, има смисла да провериме колку лесно Ве наоѓаат и зошто можеби избираат некој друг.

ГЕОГРАФСКА ПОКРИЕНОСТ

Каде ја нудиме нашата услуга

Нашите SEO и Local SEO услуги се достапни за компании низ Македонија, со можност за оптимизација според конкретен град, локација, услуга и целна публика.

Без разлика дали сакате да се појавите кога некој пребарува „автосервис во Струга“, „стоматолог во Охрид“, „SEO агенција во Скопје“ или конкретна B2B услуга, првиот чекор е да разбереме како вашите потенцијални клиенти пребаруваат и каде денес ја губите нивната доверба и внимание.

Оптимизација на Вашето дигитално присуство.

Проверуваме од каде Google и AI сервисите прибираат податоци за Вашата компанија. Ги проверувам и Вашите конкуренти. Потоа, градиме стратегија за позиционирање на дигиталниот пазар и се грижиме информациите за Вашата компанија да бидат точни и конзистентни.

Често, Google и ChatGPT користат податоци кои ги имате поставено на социјалните профили пред многу години. Најважно е да ги прашате што мислат за компанијата и да Ви дадат адресни податоци. Ако почнат да халуционираат (наведуваат податоци што сами си ги измислиле) веднаш контактирајте ме.

Заболекари во Велес

Модерните купувачи веќе не бараат по огласи, тие гo прашуваат ChatGPT.

Најголем број македонски компании кои нудат професионални услуги се рекламират преку објавување постови по социјални мрежи, Фејсбук групи или преку мали огласи како Pazar3 и Reklama5.

Но, ако некому му треба услуга, веројатноста да пребарува по групи на Фејсбук или по сајтови за мали огласи е многу мала. Исто така, тие канали се засноваат на т.н. „пуш“ маркетинг, вие се обидувате да привлечете внимание кај луѓе кои во тој момент немаат потреба за вашата услуга. Резултат? Ниска конверзија, трошење ресурси и постојана борба за најниска цена.

Денес, купувачите бараат услуги на поинаков начин:

  • Самостојно истражуваат: Кога им треба професионална услуга, отвораат Google, ChatGPT, Gemini или Perplexity.
  • Бараат директна препорака: Наместо да разгледуваат и споредуваат огласи и реклами, му поставуваат прашање на AI асистентот: „Која е најдобрата компанија за [вашата услуга] во Македонија?“
  • Спремни се да купат веднаш: Овие луѓе веќе имаат проблем и се подготвени да платат веднаш.

Како до поголема видливост и како да се истакнете

Бесплатна веб-страна

Изработуваме веб-страна за компаниите/поединците каде клиентите ќе можат јасно да ги видат Вашите услуги, претходни проекти, цена и локација со цел да стекнат доверба во вашата работа

Google (SEO) Оптимизација

Го оптимизираме вашиот бизнис за сите клучни зборови што ги пребаруваат луѓето кога им е потребна вашата услуга

AI Оптимизација

Бидете препорачани од ChatGPT, Gemini и Perplexity - AI асистенти директно ќе ве препорачуваат како најдобар избор кога корисниците бараат совет.

Најчесто поставувани прашања

Цената на основниот пакет чини 6000 денари. Во моментов имаме промотивни услуги и ако исполнувате одредени услуги можеме бесплатно да Ви ги обезбедиме нашите услуги. 

Цената зависи од конкуренцијата, бројот на локации, моменталната состојба и обемот на работа.

ChatGPT во Македонија најчесто се користи од помладите генерации (16-24 години). Иако досега нема конкретно истражување на оваа тема, се смета дека стапката на употреба на ChatGPT во Македонија е помала во споредба со земјите од Западна Европа. Меѓутоа, стапката на корисници на ChatGPT расте од месец во месец и очекуваме во блиска иднина да биде рамо до рамо со Google. Македонија најверојатно ќе касни, но ќе го следи овој тренд. Затоа на компаниите им препорачуваме да го следат сигналот од пазарот и да инвестираат во видливост на ChatGPT.